Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, во вторникот обвини дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, постојано ги крши условите за неговиот азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон, пренесува „Брејтбарт“.
„Ние треба да се погрижиме животот на Асанж да не е загрозен, но тој многупати го прекрши договорот што го имаме со него “, рече Морено во интервјуто за Асоцијацијата на еквадорски радиодифузери.
Морено, навестувајќи дека Асанж направил погрешни работи, повеќепати нагласи дека Асанж нема право да хакира приватни сметки или телефони ниту пак му е дозволено да се меша во политиката на другите земји, особено оние со кои Еквадор има силни врски со.
Асанж живее во амбасадата на Еквадор речиси седум години.
Забелешките на Морено откако на социјалните мрежи беа објавени стари фотографии од него и неговото семејство, а иако еквадорскиот претседател не го посочи директно Асанж како виновникот зад хакирањето, владините претставници ги обвинија „Викиликс“ за објвувањето на фотографиите од времето кога Морено живеел во Европа.
Во твит во вторникот, „Викиликс“ рече дека Морено најавил оти наскоро ќе донесе одлука за справување со ситуацијата на Асанж.
„Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, изјави дека Асанж ги прекршил условите за својот азил и дека набрзо ќе донесе одлука откако „Викиликс“ објави за постоењето на офшор корупцискиот скандал #INAPapers кој ја разбранува неговата влада”, пишува Викиликс.
Морено не ги коментираше можните наредни чекори за иселување на Асанж од амбасадата.