На вчерашниот натпревар одигран на „Молину“ помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, главниот судија, Мајк Дин влезе во историските книги на Премиер лигата.
Искусниот , 50 годишен арбитер му покажа црвен картон на Ешли Јанг во 57. минута, и верувале или не тоа беше негов вкупно 100ти покажан црвен картон во кариерата. Јанг ја имаше таа несреќа да биде 100тиот играч кој е испратен во соблекувалните во ерата на Премиер лигата од Мајк Дин, а беше и десеттиот играч кој заработил црвен картон од контроверзниот судија оваа сезона.
Дун кој важи за најстрогиот судија во својата 19 годишна кариера во Премиер лигата има исклучено дури 67 различни играчи.
50 годишниот судија во Премиер лигата има судено на дури 477 натпревари што го прави убедливо прв судија со толкав број на отсудени натпревари. Втор е Мартин Аткинсон кој зад своето име има 373 натпревар.