Британската војска денеска објави дека е покрената истрага откако е пуштено видеото на кое војниците ја користат фотографијата на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, како цел на вежба за пукање.
Видеото објавено на социјалните мрежи ги прикажува припадниците на падобранскиот одред во Авганистан кои пукаат во фотографијата на Корбин.
Корбин, социјалист, честопати е многу критичен кон британските воени потфати во странство.
Во соопштението на војската се вели дека ваквото однесување на војниците е „целосно неприфатливо и далеку под високите стандарди што ги очекува војската”, како и дека е започнато истрага.