Гори дива депонија на кејот на реката Вардар, кај хотелот „Александар Палас“. Пожарот е во близина на пешашкиот мост во Карпош 3.
На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита со 4 возила и 11 пожарникари. Од проивпожарната единица информираат дека станува збор за запалени гуми и пластика, поради што пожарот е од поголеми размери.
–На терен е наша екипа и се интервенира. Пожарот е ставен под контрола и нема опасност од проширување на огнот, информираат од противпожарната единица.
https://www.facebook.com/dejan.stojmenovic.54/videos/10161762315715694/?t=1
Фото: Сања Јовановиќ