Работник бил тешко повреден вчера додека извршувал работни задачи во фирма во Кочани. Станува збор за Б.Т.(27) од Кочани.
Според полицијата, вчера во 14 часот од Медицински центар Кочани пријавиле во ПС Кочани дека истиот ден кај нив со повреди бил донесен Б.Т.
Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во фирма во Кочани.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани и инспектор за труд.