Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот профил на „Фејсбук“ сподели повеќе фотографии направени за време на посетата во Вашингтон.
Димитров, цитирајќи го генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се согласи дека е добро да се има пријатели.
„Главната порака на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во настапот во Конгресот на САД: Добро е да се има пријатели! И, така е! Добро е да се има пријатели!“, напиша министерот.
Димитров денеска и утре учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржува во Вашингтон.