Прв пораз за Реал по враќањето на Зидан

Фудбалерите на Реал Мадрид го претрпеа првиот пораз во шпанската Примера по враќањето на тренерската позиција на Зинедин Зидан.

Синоќа на „Местаља“ Валенсија беше подобра од Реал со 2:1.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Гонзало Гуедеш во 35. и Есекиел Гарај во 83. минута. Единствениот гол за „кралскиот клуб“ беше дело на Карим Бензема во третата минута од судиското надополнување.

Резултати на другите три вчерашни натпревари од 30. коло:

Атлетик Билбао – Леванте 3:2

Еибар – Рајо Ваљекано 2:1

Хуеска – Селта Виго 3:3.

Води Барселона со 70 бода, Атлетико Мадрид има 62, Реал 57, Хетафе 47, Валенсија 46.

Треба да знаете
Последни објави