Жена се породила на дрво бегајќи од поплавите

Жена се породила на стебло од манго бегајќи од поплавите во Мозамбик по циклонот Идаи, пренесе „Би-би-си“.

Самохраната мајка Амелија донесе на свет девојче на кое му го даде името Сарa, додека заедно со двегодишниот син силно се држела за гранката.

Ден подоцна ја спасиле соседите, кога поминала бурата која усмрти 700 луѓе.

„Бев дома со двегодишниот син кога одеднаш без предупредување, водата почна да навлегува во куќата“, изјави Амелија за УНИЦЕФ.

„Немав друг избор освен да се качам на дрво“, додаде таа.

Сличен настан се случи пред 20 години кога на свет дојде бебе кое беше родено стебло по поплавите во јужниот дел од земјата.

Треба да знаете
Последни објави