Детскиот културен центар „Карпош“, ги поканува учениците од скопските училишта на втора аудиција за пеење во Градскиот детски хор „Гласот на децата на Скопје“.
Од таму иформираат дека аудицијата е закажана во петок (5 април), од 14:00 до 17:00 часот во просториите на ДКЦ Карпош (поранешен Пионерски дом Карпош).
Исто така најавена е и трета аудиција која ќе се одржи во среда (10 април).



