Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, денеска во центарот на Брисел ќе претстави нови мурал на односите на Западен Балкан и ЕУ.
Муралот е лоциран во центарот на главниот град на Билгија и е насликан од младиот уметник Рикардо Друшкиќ од БиХ.
Муралот е посветен на луѓето од Западен Балкан и ЕУ и нивните длабоки културни врски.

„Насловот на муралот е ‘Само преку срцето се гледа добро’ и нè повикува да се гледаме меѓусебно со отворено срце и без предрасуди“, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Муралот е финансиран од ЕУ, градот Брисел и традиционалниот бриселски фестивал за балсканска култура „Балкан трафик“.
Тиј е дел од Неделата на култура на ЕУ и Западен Балкан организирана од Европската служба за надворешни работи со цел да се одбележи заедничкиот европски идентитет и културните врски меѓу ЕУ и Западен Балкан.



