Пеле заврши во болница во Париз со висока температура и треска

Едсон Арантес до Насименто – Пеле (78), еден од најголемите фудбалери на сите времиња, заврши во болница во Париз поради висока температура и треска, пренесуваат тамошните медиуми. Пеле бил на промотивна манифестација во друштво на младата ѕвезда Килијан Мбапе.

Според информациите, животот на Пеле не е загрозен.

Бразилецот има три титули светски фудбалски првак – во 1958, 1962 и во 1970 година.

Пеле во 1999 година е прогласен за еден од петте најдобри спортисти на 20 век заедно со Карл Луис, Мухамед Али, Мајкл Џордан и Марк Шпиц.

Треба да знаете
Последни објави