Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, Џени Гарт, стана цел на критики поради фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, но таа им одговори на оние што ја критикуваа.
https://www.instagram.com/p/Bvtk2wgHBii/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_locale_control
Актерката на „Инстаграм“ објави селфи со колешката Тори Спелинг, а подолу е еден од негативните коментари на нејзините следбеници:
„О, Џени. Ти си убава и не ти треба многу ботокс. За жал, овде си непрепознатлива.“
Џени, која деновиве го прослави својот 47. роденден, напиша кратко: „Благодарам?”
На вториот коментар дека „изгледа толку пластично”, актерката одговори: „Не, јас сум само човечко суштество”.
Но таа престана да одговара на коментарите за нејзиниот изглед, па на прашањето: „Што се случи со твоето лице?”, одговори: „Ха, прекрасен си”. Тој обожавател подоцна ѝ се извини на актерката, додавајќи дека немал намера да ја навреди.



