Португалскиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Ренато Санчес уште еднаш се нафрли врз тренерот на клубот, Роберт Ковач.
Талентираниот 21-годишен офанзивец не доби шанса во срамното издание на тимот на Ковач против второлигашот Хајденхајм кој Баерн го доби со 5:4, а досега има одиграно само 504 минути цела сезона.
– Напорно тренирам и ја чекам својата шанса. Секако дека сакам да играм повеќе, но тренерот не ми објасни зошто не играм. Навистина не знам што се случува, -револтирано зборуваше Санчес.
Португалецот многу веројатно ќе си замине од баварскиот клуб во летниот преоден рок доколку Нико Ковач остане на тренерската позиција.