Алжирците најавија нови протести со барање за смена на „тројцата Б”

Демонстрантите во Алжир најавија нови протести, со кои ќе бараат смена и на други функционери.

Демонстрантите за утре најавија нови протести, на кои ќе изразат незадоволство од лицата која ја водат Владата, Парламентот и Уставен суд.

Тие ќе бараат смена, како што наведоа на „три Б” односно на премиерот Нуредин Беду, претседателот на Уставниот суд Тајеб Белаиз и претседателот на Горниот дон на Парламентот, Абделкадер Бансалах.

Милиони Алжирци протестираа ширум земјата секоја недела барајќи оставка од поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика.

Бутефлика поднесе оставка во вторникот, при што нагласи дека не можел повеќе да го издржи притисокот од јавноста по повеќенеделните масовни протести поради неговото 20-годишно владеење.

Треба да знаете
Последни објави