Јувентус без проблеми ја освои титулата во Серија А, но доста потфрли во Лигата на шампионите каде доживеа елиминација во четвртфиналето од Ајакс и тоа со пораз пред своите гледачи од 2-1.
Токму ова е една од причините зошто се уште не се знае дали Масимилијано Алегри ќе остане на клупата на „бјанконерите“, информација која треба да се дознае по средбата на стратегот со првиот човек на клубот Андреа Ањели. Во меѓувреме, излезе со вест дека „бјанконерите“ веќе имаат една опција која се издвојува ако се дојде до разделба со Алегри.
Нивните извори и сознанија велат дека актуелниот француски селектор Дидие Дешамп е подготвен да се врати во Торино. Дешамп мина одлични пет години како играч на Јувентус, а потоа беше и една година тренер на „бјанконерите“ и ги врати експресно во Серија А по Калчополи скандалот.
Наводно Дешамп е подготвен да одговори на повикот, плус се вклопува во буџетот и визијата на клубот што значи опција е реална и може да се оствари.