Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Словачка го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, со што стана 11-та земја членка на Алијансата, која го ратификува Протоколот.

Претходно денеска, послкиот парламент го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. ЗА ратификацијата гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Прва држава која го ратификуваше Протоколот беше Грција, а по неа следеа Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Треба да знаете
Последни објави