Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски во дебатата на Телевизија Телма изјави дека нема ништо спорно од законски аспект премиерот Зоран Заев и министрите од Владата кои го подржуваат да учествуваат во кампањата.
-Од етички аспект, да, но законски не е спорно се додека не се користат државни ресурси. Досега не се користени, нема ни во иднина, вели Пендаровски.



