Изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во која ги споредува советскиот лидер Јосиф Сталин, Адолф Хитлер и Исламската држава посочуваат на неговиот недостаток на образование, изјави портпарол на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
-Таа изјава е повеќе глупава отколку непримерена. Многу западни политичари се познати по своите глупави и апсурдни изјави кои немаат никаква врска со фактите. Тие се едноставно неписмени, рече Захарова.
Според неа, квалитетот на образованието на Запад е всушност одличен мит.
-На крајот се сè сведува на недостаток на образование, рече Захаров.
Генералниот секретар на НАТО претходно објасни дека е потребно зголемување на буџетот на Алијансата поради надворешни закани. Тој, исто така, рече дека ниту Хитлер, ниту Сталин ниту Исламската држава не би биле поразени со мирни средства или со дијалог, потсетува ТАСС.