Анчелоти за поразот од Лајпциг: Првите два гола беа одлучувачки

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на поразот од Лајпциг (2:3) синоќа во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Штом го примивме вториот гол, Лајпциг почна да игра на контранапади и таквиот тек им одговараше. Првите два гола се покажаа решавачки. Лајпциг го презеде натпреварот во свои раце, изјави Анчелоти.

И покрај поразот, Реал Мадрид е водечки во својата група со 10 бода и обезбедено учество во осминафиналето.

Лајпциг има 9 бодови и е втор на табелата.

Треба да знаете
Последни објави