Девојчињата од Шкотска кои се вакцинирани против ХПВ имаат помали шанси да заболат од рак

Рутинската вакцинација на девојчиња против ХПВ вирусот во Шкотска доведе до големо намалување на бројот на случаи со рак на грлото на матката, утврдија истражувачите од неколку универзитети во земјата.

Стапката на вакцинирање против ХПВ во Шкотска изнесува околу 90 проценти, а во последните 10 години, промените во грлото на матката што претходат на ракот кај младите жени, исто така се намалени за 90 отсто.

Ракот на матката е втор начест рак кај Британките помлади од 35 години. „Би-би-си“ пишува дека при истражувањето се користени податоци собрани од околу 140.000 девојчиња кои биле вакцинирани на возраст помеѓу 12 и 13 години.

Треба да знаете
Последни објави