Американските сојузни држави во кои е илегално истовремено да се испраќаат смс пораки и да се вози, имаат побезбедни патишта, покажало истражувањето кое го следело бројот на повици на итната помош, по воведувањето на законот со кој се забранува таквото однесување.
Просечно, во тие држави, по воведувањето на забраната, имало 1632 повици помалку годишно со службата за итна помош по сообраќајни несреќи, покажало новото истражување.
Низ САД во 2016 година речиси 3500 луѓе загинале, а уште 391.000 се здобиле со сериозни повреди во судирите во кои учествувале возачи чие внимание било одземено од други активности, се наведува во трудот објавен во „Американ Џурнал оф Паблик Хелт“.