Државјанин на Србија нападнал патник во патнички автобус и тешко го повредил, вчера утрото на автопатот Куманово-Табановце.
Станува збор за Д.П.(25) од Србија, осомничен за кривичното дело тешка телесна повреда, казниво по член 133 од Кривичниот законик.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 5 часот на бензинска пумпа на автопатот Куманово -Табановце. При излегување на автобус, Д.П., по претходна расправија, физички нападнал едно лице и му нанел тешки повреди.
По целосно документирање и расчистување на случајот, против Д.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.