Тачи: И Косово сака во НАТО

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави по повод 70-годишнината од основањето на НАТО дека сака Косово да биде дел од овој сојуз и веќе долго време работи на тоа.

„Како заедница на народи и држави која непрекинато работи на зајакнување на мирот, НАТО и понатаму одржува најголема сигурност, соработка и солидарност за сите. Среќни сме што го имаме НАТО на Косово, но нашата желба е и Косово да биде во НАТО“, напиша Тачи на „Фејсбук“.

„Во согласност со сите земји членки на НАТО, Република Косово е подготвена да придонесе кон мирот и стабилноста во регионот, Европа и светот“, додаде Тачи.

Треба да знаете
Последни објави