Тројца каснати од кучиња скитници

Две скопјанки на возраст на 12 и 19 години и жител на Демир Капија биле каснати од кучиња скитници, вчера во Скопје и во Демир Капија.

Според полицијата, вчера во ПС Чаир К.А.(31) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 20.30 часот на улицата Диме Мечето, неговата 12 – годишна ќерка била касната од куче скитник во десната и левата потколеница.

Вчера во 22.05 часот во ПС Аеродром, Л.Д.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19 часот на булеварот Србија била касната од куче скитник во десната рака.

Истиот ден во 9 часот во ПС Демир Капија, З.П.(34) од Демир Капија пријавил дека истиот ден околу 6 часот бил каснат од куче скитник.

Треба да знаете
Последни објави