Шефот на црногорската дипломатија: Членството во НАТО значи стабилност

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ оцени дека членството во НАТО значи продолжен појас на стабилност во регионот на Западен Балкан и дека го намалува просторот за дејствување на противниците на вредностите на европското семејство.

Во интервјуто за Гласот на Америка тој истакна дека со проширувањето на НАТО регионот станува постабилен. Тој оцени дека е многу значајно тоа што Северна Македонија е уште една балканска држава на патот кон членството во НАТО.

-Затворен е еден, речиси, тридецениски проблем меѓу двете држави околу името. Северна Македонија и Грција решавајќи го заедно тоа прашање покажаа и храброст и визија. На земјата и е отворен патот во НАТО структурите. А кога ќе дојде време за тоа – се надеваме во текот на летото, како и Албанија, Северна Македонија ќе добие повик да почне преговори со ЕУ. Сметајќи ги Хрватска и Словенија, и да ги додадеме Црна Гора, Албанија и сега Северна Македонија, најголемиот дел од регионот е под чадорот на НАТО. Така што постигнат е значаен напредок. Сите земји се аспиранти за ЕУ, дел се членки, другите се на пат, како и Црна Гора која е предводник. Така што иако постои геоплотичка компетиција на подрачјето на Балкан, сепак постојат резултати со кои може да бидеме задоволни, оцени Дармановиќ.

Сепак, тој потенцира дека Србија активно работи на своето членство во Европската унија, но дека геополитиката е нешто друго. – Така што, Србија во некој момент ќе мора да донесе некои стратешки одлуки, рече црногорскиот министер, зборувајќи за членството во НАСТО во интервјуто за Гласот на Америка.

Треба да знаете
Последни објави