Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи го финализира разводот според кој нејзе ѝ остануваат 25 проценти од нивните заеднички акции во компанијата во вредност од над 35 милијарди долари.
Во пораката на „Твитер“ Мекензи Безос денеска најави дека по разводот ќе му остави 75 отсто од акциите кои досега ги имале заедно, а таа ќе задржи 25 отсто или четири отсто од вкупниот број акции на компанијата „Амазон“.
Таа му ги остави сите права на глас на нивните вкупни акции во компанијата.
Документите за развод се предадени на судот и постапката треба да се заврши за околу три месеци.
Таа исто така рече дека го остава својот удел во весникот „Вашингтон пост“ кој Џеф Безос го купи во 2013 година, како и компанијата за вселенски истражувања „Блу ориџин“, која тој ја основал.
Двојката во јануари објави дека се разведува по 25 години брак, непосредно пред весникот „Нејшнел енквајер“ да го објави написот за Џеф Безос дека има афера со поранешна телевизиска презентерка.