Средба на жителите на Лагадин со в.д. градоначалникот на Охрид Георгиески

Урбанистичките проблеми и подобрување на условите за живеење биле темите што било дискутирани на вчерашната средба на жители од населбата Лагадин со в.д. градоначелник на Охрид, Константин Георгиески.

Како што се наведува во соопштението што до медиумите го испратија членовите на Здружението за заштита и зачувување на интегритетот на село Лагадин, со Георгиески разговарале за решение што ќе овозможи стопирање на градежни активности во населбата по основ спорниот Општ акт за Лагадин. Стпориањето со градежните активности би било се до донесувањето нов Детален урбанистички план што ќе биде изготвен согласно високите стандарди и критериуми на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање кој треба да биде наскоро донесен, како и во склад со препораките на УНЕСКО.

Жителите на Лагадин сметаат дека законската регулатива и однесувањето на населението треба да бидат во корелација кон заштитата на Охридското Езеро како особена природната реткост и вредност, и на тој начин да се демонстрира пред регионот пример како да се заштитува природата и на регионот и да се спроведува одржлив еколошки развој.

Треба да знаете
Последни објави