Напаѓачот на Евертон трансфер цел на Ливерпул

Напаѓачот на Евертон, Ришарлисон, се наоѓа во плановите на градскиот ривал Ливерпул. Јирген Клоп, според медиумите, веќе остварил средба со менаџерот на Бразилецот.

Ливерпул се подготвуваат за можните трансфери на Садио Мане и Мохамед Салах, а еден од играчите за кои биле заинтересирани е напаѓачот на Евертон.

Ришарлисон на „Гудисон“ пристигна минатото лето од Вотофорд за 35 милиони фунти (околу 50 милиони евра). Овој фудбалер е миленик на менаџерот Марко Силва, кој од Бразил го донесе во Вотфорд, а потоа го повлече со себе и во Евертон.

Ришарлисон има 21 година, а сезонава има постигнато 12 гола на 30 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Иако градските ривали ретко пазарат едни кај други, шпекулациите велат дека во Евертон не би го стопирале трансферот. Условот е тој да не е помал од 70 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави