Костадинов: Сиљановска си го покажа лицемерното лице

За само неколку дена од кампањата, Гордана Сиљановска, си го покажа вистинското лицемерно лице, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

„Кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска не е чесна пред граѓаните. Лицемерно до крај, на вчерашниот ТВ дуел, Сиљановска рече дека ќе го почитувала Преспанскиот договор. После серија на изјави и јавни настапи против Договорот, ладно, пред целата јавност, Сиљановска вели дека ќе го користи уставното име Република Северна Македонија. Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или вчера кога самата се негираше?“, праша портпаролот на СДСМ.

Тој додаде дека дополнително, Сиљановска, во истиот ТВ дуел признала дека согласно Договорот од Преспа, македонскиот идентитет е заштитен и потврден, согласно членот 7.

„Гордана Сиљановска е иста како Христијан Мицкоски, нечесна, неискрена и лицемерна пред граѓаните. Едно зборува, друго мисли, трето прави. Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата“, заклучи Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави