Сезонските алергии можат многу да го нарушат вашиот квалитет на живот, без разлика дали постојано ви тече носот, се чешате или кашлате. Непријатните алергиски реакции не се случуваат само во текот на денот, кога сте изложени на алергени, туку можат да влијаат и на квалитетот на вашиот сон во текот на ноќта.
На пример, концентрацијата на хистамин произведена во телото која служи за борбата против алергени, може да биде исклучително висока и во текот на ноќта, што може да ве одржи будни.
Според статијата објавена во магазин болеста како што е астмата и алергискиот ринитис се вообичаени состојби кои може да влијаат на спиењето, а подоцна и на функционалноста во текот на денот.
Истражувањата во изминатите неколку децении воспоставиле цврсти врски помеѓу лошиот квалитет на сонот и сезонските алергии и откри дека повеќе од 50 % од оние кои се борат против сезонските алергии исто така страдаат од нарушен сон.
Покрај високото ниво на хистамин, проблемите со дишење и ‘рчење, кои понекогаш доведуваат и до апнеа за време на спиењето, исто така може да предизвика несоница. Ова не само што пречи во вашата рутина за спиење, туку оваа состојба може да го одржува буден и вашиот партнер.
Нарушувањата во сонот се особено чести кај лицата со алергиски ринитис, посебно кога ќе дојде до опструктивна апнеа во сонот, односно пореметување во спиењето каде дишењето повеќе пати се прекинува во текот на циклусот за спиење.
“Нормалните” дневни алергиски симптоми во комбинација со заморот и недостатокот на концентрација кои се предизвикани од опструктивна апнеа, можат живот да го направат навистина тежок за лицата кои страдаат од алергија.
Иако се потребни уште многу истражувања за тоа како да се подобри квалитетот на спиењето кај луѓето со алергии, постојат лекови кои можат да ви помогнат подобро да се одморите во текот на ноќта.