Младинскиот културен центар утревечер ќе го организира првиот настан од новиот проект „Сирова култура”, кој го почнува со идеја на младите и талентирани уметници да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.
Еднодневни настани од овој проект ќе има неколку пати годишно, со повик за аплицирање и учество на кандидатите што ќе бидат избрани.
На првиот повик пристигнале 60 апликации, од кои тимот на МКЦ селектирал дваесетина, чии дела ќе може да се видат утревечер од 20 часот во Младинскиот културен центар.