(Видео) Мицкоски: Стартот на кампањата изобилува со голема злоупотреба на државни ресурси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова денеска се во Пелагонискиот регион, каде ќе имаат митинзи и среди со граѓани. Мицкоски порача дека сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добијат од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од луѓето кои што се на пазарите, ќе бидат од огромно значење во креирањето на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан што мисли за коментарот на премиерот Заев, кој повика на позитивна кампања и кандидатите повеќе да зборуваат за концепти, а помалку за минатото, Мицкоски порача дека Заев е човекот кој најмалку има право да зборува за концепти.

„Човекот на кој што атрибут за однесување е лага зборува за концепти, помалце комично, но не е толку комично колку што е трагично. Ние водиме кампања во која што сакаме на граѓаните во Република Македонија да им ја преставиме реалната слика што се случува во Република Македонија. А, не онаа розевата која што владините мегафони во центарот на лаги и манипулации на СДСМ сака да ја долови пред граѓаните. И навистина тоа можеби на политичари од профилот на Заев им пречи бидејќи тие се навикнати само на комплименти, а не се навикнати на аргументирана критика“ рече Мицкоски.

Според него, стартот на кампањата изобилува со голема злоупотреба на државен ресурс, на државен апарат.

„Сведоци сме на притисоци во јавната и во локалната администрација, од страна на претпоставените врз вработените се разбира никој не се осмелува тоа да го каже и посведочи пред камера, бидејќи следат веднаш потоа консеквенции, бидејќи веднаш после претседателските избори оваа локална и оваа централна власт уште некое време ќе бидат власт и луѓето стравуваат практично за сопствената иднина понатаму и затоа многу тешко се одлучуваат да излезат пред камера и тоа што нас ни го посочуваат да го посведочат. Гледате злоупотреба на средства од буџетот, исплати и т.н. тоа е во ред сето она коешто значи исплата и што значи подобри услови за живот на граѓаните во Република Македонија нека го прават и сега еве кога не стигнаа пред да започне оваа кампања нека го направат и сега“ истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Порача дека се подготвени и со сите услови повторно да ги победат и сега и на предвремените парламентарни избори, бидејќи, како што посочи, за нив приоритет е луѓето да живеат подобро, да ги решаваат реалните нивни егзистенцијални проблеми, па макар тоа значело и злоупотреба на државни ресурси. Но во ред барем за тие луѓе тоа ќе значи подобар живот и ние ги охрабруваме и понатаму нека продолжат нека го прават тоа па макар било и злоупотреба на централниот буџет и на ресурсите со кои што располагаат и вака и така граѓаните не треба да се потценуваат тоа што они го направија, граѓаните немаат кратко помнење и граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им го испорачаат цехот за сето она и за сите оние неправди кои што ги направија изминатите речиси две години.

Треба да знаете
Последни објави