Орбан: Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат за иднината на христијанска Европа

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска ja презентираше изборната програма на неговата партија Фидес за Европскиот парламент, со порака дека на претстојните избори ќе се одлучува за, како што кажа, иднината на христијанската цивилизација.

„Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат дали ЕУ ќе има проимигрантски или антиимигрантски лидери во иднина, дали Европа и натаму ќе припаѓа Европејците или на масите од други цивилизации, дали ќе бидеме во можност да ја зачуваме нашата христијанска, европска култура или сето тоа ќе му го отстапиме на мултикултурализмот“, рече Орбан во својот говор.

Според него, незадоволството од европската елита е главно предизвикано од нејзиниот став кон миграцијата.

Тој предупреди дека Европа не се соочува само со мигрантска криза, туку и со миграција на луѓе во историска смисла, пренесува МТИ.

Орбан смета дека Европа може да ја запре масовната миграција, но дека не се ни обидува да го стори тоа и додава дека актуелните европски лидери ја поддржуваат и поттикнуваат миграцијата.

Треба да знаете
Последни објави