Г-7: Да зајакне борбата против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе

Министрите за внатрешни работи на државите членки на групата Г-7 по вториот ден од средбата во Париз се согласија дека треба да ги зајакнат средствата за борба против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе.

Тие истакнаа дека треба да се олесни постапката за добивање азил за бегалците и да се спроведе принудно враќање на оние чии барања за дозвола за престој во државата се одбиени.

Министрите разговараа и за проблемот со странците кои се приклучија кон групата Исламска држава, но не дојдоа до единствено решение.

САД сметаат дека државите треба да ги примат назад своите државјани кои се бореле на страна на џихадистите, но западните земји, вклучувајќи ја и Франција, го одбија тој предлог

Германија, пак, даде предлог да се креира специјален меѓународен кривичен суд за тие луѓе.

Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на државите членки на групата Г-7 викендов ќе имаат состанок во одморалиштето Динар во северозападна Франција, на кој ќе се фокусираат на безбедноста на електронската комуникација, трговијата со дрога и оружје, како и на проблемот со мигрантите во африканската област Сахел.

Треба да знаете
Последни објави