Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на трибина во Берово рече дека не смее да се дозволи некој да ја загрози иднината на младите во државата.
„Режимот им украде 10 години од животите, работите тргнаа напред, не смееме да застанеме сега. Застанувам зад концепт, зад проекти кои ја обезбедуваат иднината и ја јакнат економијата, преку која ќе си ги задржиме децата дома“, истакна Пендаровски.
Тој пред присутните подвлече дека досега 11 држави го ратификувале Протоколот за наш влез во НАТО.
„Почнувањето на преговорите со ЕУ ни ги отвора европските фондови и годишно можеме да искористиме 900 милиони евра. Патот кон Европската Унија и НАТО е нашиот пат кон иднината, кон инвестициите, кон економскиот развој, кон отворањето на нови работни места“, порача претседателскиот кандидат во Берово.