Во близина на либиската престолнина Триполи избиле нови конфликти меѓу провладините и бунтовничките сили од источниот дел на земјата, предводени од командантот Калиф Хафтар.
Според Би-би-си, од каде се повикуваат на извештаи од терен, судирите меѓу силите лојални на Хафтар и провладината војка се водат во три предградија на југот од Триполи, град во кој се наоѓа седиштето на меѓународно признаената влада на Фајез ал Сераџ.
Во Либија по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи во 2011 година, владеат две влади. Едната од нив е меѓународно признаената, во Триполи, а другата е во Бенгази, во источниот дел на земјата и е предводена од командантот на самопрогласената Либиска национална армија, Калифа Хафтар, составена од офицери и војници што ја напуштиле редовната либиска армија по смртта на Гадафи.