Касами во Струга: Албанците кои имаат гордост нема да гласаат за Пендаровски

Претседателскиот кандидат, Блерим Река, синоќа ја продолжи својата кампања во Струга, каде што, како што велат од неговиот штаб, биле присутни голем број граѓани.

Тој во обраќањето нагласил дека Струга има исклучителна симболика, не само затоа што е центар на албанската култура, туку и дека е град кој ги поврзува реката и езерото.

„Денес, од оваа сала, во Струга ќе се создаде уште еден исчезнат политички феномен за Албанците. Има ли посилен аргумент дека денес се создава албанскиот сојуз, тука го имаме претседател на Движењето Беса, Билал Касами исто го имаме и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. И овие два толку убави албански зборови БЕСА и СОЈУЗ го создаваат заветот за албанскиот кандидат на Република Северна Македонија“, посочи во говорот Река.

Зијадин Села, за време митингот потсети на негови претходни изјави дека Албанството нема смисла без Струга.

„Албанците во Македонија без Струга немаат смисла. Денес, Блерим Река имаше шанса да прошета низ Струга и веројатно виде дека Струга е минијатурна Албанија, со Тоски и Геги“, рече лидерот на Алијанса за Албанците, додавајќи дека кандидатурата на Река е во корист на Албанците во Македонија, на децата, на зајакнувањето на албанските гласови, но и на оние кои, како што кажа, се обидуваат да го поддржат кандидатот кој не зборува албански и не е Албанец.

Касами пак нагласи дека Албанците ќе гласаат за Албанец.

„Стружани, денес сме тука да им кажеме и на сите тие Албанци дека Албанците се достоинствени, дека Албанците имаат гордост, дека Албанците нема да гласаат за Стево Пендаровски. Албанците на 21 април ќе го гласаат бројот 1, ќе гласаат за Блерим Река, бидејќи Албанецот ќе ја зачува славата на Албанството во Македонија“, рече шефот на Движењето Беса.

Треба да знаете
Последни објави