Исклучителната победа од 5:0 над Борусија Дортмунд не го гарантира престојот на Нико Ковач на чело на Баерн Минхен и идната година. Ова го објави претседателот на одборот на директори на клубот, Карл-Хајнц Румениге.
Вчера, баварците го понижија нивниот директен ривал за титулата и се вратија на врвот, и сега се зависи од нив во преостанатите шест круга. Тимот од Минхен има бод предност, а во еден дел одсезоната заостануваа со цели 9.
– По крајот на сезоната, ќе анализираме сè. Имаше период на големи критики кон наша страна. Никој нема загарантирано место во Баерн. Секој е должен да се докажува постојано – ова е правилото овде. Секој мора да биде во состојба да се справи со напнатоста, бидејќи ако не го умее тоа, тој го погрешил клубот”, изјави Руменигег за „Скај”.
Шефот, исто така, укажа на конкретна грешка во работата на хрватскиот стручњак.
– Ние сами си наштетивме во октомври и ноември. Тренерот се потпираше на многу ротации во составот. Да, секогаш можеш да промениш нешто, но ако правиш премногу, тогаш на тимот не му оди. Јас сум поддржувач на праксата најдобрите 11 да се во стартните 11, вели легендата.
Румениге не е задоволен и од прикажаното против Ливерпул во осминафиналето во Лигата на Шампионите, каде германскиот тим беше елиминиран по 0:0 во Англија и 1:3 на „Алијанц Арена”.
– Многу сум разочаран бидејќи не игравме со потребната храброст и срце во реваншот. Моравме да нападнеме како што направивме против Борусија вчера. Стилот на Баерн е секогаш да напаѓа и да доминира, додаде баварскиот шеф.
Тој потврди дека целта до крајот на сезоната е да се освои двојната круна. Баерн е и во полуфиналето во Купот на Германија, каде подоцна денеска ќе го дознае својот противник.