Ива ги снимала другарите на покривот, па зачекорила наназад и паднала од зградата – детали за трагедијата
Нишликата Ива М. (19) трагично настрада кога, при снимање на видео – клип на една зграда, падна од покривот ноќта меѓу саботата и неделата.
Ива ноќеска, непосредно пред трагедијата, со двајца другари била на покривот од станбената зграда во Чарнојевата улица во Ниш.
Нејзината последна објавен афотографија на Фејсбук е токму од еден покрив во Ниш. Засега не е сигурно дали станува збор за местото од каде паднала.
Ива инаку не живее во оваа зграда, а според зборовите на соседите, тука порано живеел нејзин другар.
– Полицајците ни рекоа дека снимала некаков видео клип на покривот на зградата. Ова пониското момче не го познава, а другиот порано живееше тука со таткото и мајката. Девојката не живее во нашата зграда, вели соседката.
– Девојката и двајцата нејзини другари се наоѓале на покривот. Таа тргнала да снима видео клип и се движела наназад кога во еден момент дошла до работ на покривот и паднала на бетонот пред зградата, објавија белградските медиуми.
Зградата во Чарноевата улица 25 била блокирана додека траел увидот. Итната помош соопшти дека девојката починала на самото место, иако соседите виделе дека екипата се обидела да и помогне после падот.
Предупредување до младите.
Психолозите предупредуваат дека младите на таа возраст имаат потреба да се докажуваат.
Велат дека за нив работите како добар видео – клип и не им се толку неважни, колку што им се, па не се свесни понекогаш за ризикот во кој се впуштаат.
Овој трагичен настан е предупредување и до родителите и до децата дека личната безбедност е на прво место.