Силјановска: Никој нема право да решава за историјата во затворен круг

Никој нема право да ја усогласува историјата во затворен круг, изјави кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, која денеска беше во посета на општина Аеродром.

Таа во изјава за медиумите нагласи дека комисијата која решава за промена на македонската историја не е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа. Силјановска вели дека таа не е против тоа да се избришат нешта кои што се навредливи, но дека тие немаат право во затворен круг да решаваат за македонската историја.

„Јас мислам дека историјата е процес, така се гради, дека никој нема право во затворен круг, во тесна ексклузивна дебата да се усогласи околу настани, околу личности. Мислам дека тоа е надвор од она што би било логично“, изјави Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави