Потребна е повисока граѓанска свест за потребите на Ромите во општеството и натамошна имплементација на Националната стратегија која ги опфаќа прашања за нивен пристап до образование, домување, здравство и вработување, беше порачано на свеченоста по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, што се одржа вечерва во Националната опера и балет.
– Република Северна Македонија, како и целиот свет на 8 -ми април празнува и слави уникатна треадиција, верување и култура на Ромите како значајна вредност во светското, но и во македонското културно наследство, рече премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека Првиот светски конгрес на Ромите одржан на 8 април 1990 година е еден од најважните историски датуми за ромската заедница затоа што добија своја химна и азбука и им е загарантирано правото да бидат еднакави во општеството и да ги уживат сите права без дискриминација.
– За Владата целите на тој конгрес, како и на Европската платформа за вклученост на Ромите, се пред се желба да изградиме инклузивно општество во Северна Македонија и инклузивна Европа, но и искрена верба дека тоа е патот до успешна заедничка земја, дом за сите интегрирана во ЕУ и НАТО, посочи Заев.
Неоходна е, како што рече, уште повисока граѓанска свест за потребата на граѓаните Роми во нашето општество. Веќе се направени првите чекори во решавањето на горливите проблеми со домувањето, личните документи, малолетнички бракови, пристапот до вработување и до здраствено осигурување, вклучување во кулутрата и образованието. Подготвена е програма за распределба на средства од Буџетот за годинава за поддршка на имплементација на Декадата на Ромите и Стратегијата за Ромите за комунални инфраструктурни проекти што се реализираат насекаде во државата.
– И Ромите и сите други граѓани мора да бидат активни и одговорни во придонесот кон создавање еднакво праведно општество и држава која вложува во своите луѓе и која е дел од глобалниот демократски свет, порача Заев, упатувајќи честитки по повод празникот на Ромите.
Апел за повисока граѓанска свест и одговорност за потребите на ромската заедница упати и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам.
– Ромите како интегрален дел од македонското општество се рамнопоравни со другите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ја развиваат својата култура и традиција и активно да учествуваа преку своите партии во политичкиот живот. Ромскиот народ во РСМ е на добар пат кон подобра интеграција и живот. Нашата земја е лидер во политиките за Ромите во регионот, меѓутоа и покрај овој напредок Ромите се уште се на маргините на ова општество. Потребно е многу работа и труд за да може секој Ром да се почувствува како еднаков граѓанин во државата, рече Бајрам
Тој нагласи дека од круцијална важност е примената на Националната стратегија за Ромите која ги опфаќа нивните реални потреби во образованието, домувањето, вработувањето и здравството. Верувам дека со многу работа и заедничка посветеност ќе го подобриме статусот на Ромите, посочи министерот Бајрам.
Пратеникот Самка Ибраимовски им порача на Ромите да го негуваат својот мајчин јазик, посочувајќи дека тоа е големо значење за опстанокот на етничката заедница. Најави дека на следната седница на интерпарламентарната група во Собранието ќе се изгласа резолуција за подобрување на статусот на Ромите како значен документ за натамошниот развој на оваа етничка заедница.
Во Европа живеат околу 10 милиони Роми, а во државава, според последните статистички податоци 53.879.
Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром.
На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.