Пожарот што избувна доцна вечерва во шумата на планината Водно е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари, по што е испратено уште едно возило. Се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило”, од каде се надлежни за шумата.
Како што информира Симоновски, по целосно расчистување на пожарот ќе објават информации за причината за пожарот и што е зафатено со него.