На британката Лале Шаравеш ѝ се заканува затвор во Дубаи, бидејќи во 2016 година на Фејсбук објавила статус во кој го понижила поранешниот сопруг и неговата нова жена, пишува „Дејли Мејл“.
Шаравеш е уапсена минатиот месец кога стигнала во Обединетите Арапски Емирати заедно со својата 14-годишна ќерка, за да присуствуваат на погребот на поранешниот сопруг.
До тогаш не знаела дека сопругата на поранешниот сопруг, ја пријавила поради нејзината објава на социјалните мрежи од 2016 година.
И додека на нејзината ќерка ѝ е дозволено да се врати во Велика Британија, Шавареш добила забрана за напуштање на земјата и одземен ѝ е пасошот. Адвокатите ѝ рекле дека може да добие две години затвор и казна од 50.000 фунти.
„Ужаснета сум. Не можам да јадам ниту да спијам. Ослабев два конфекциски броја од стрес“ рекла оваа самохрана мајка за „Мејл Онлајн“.