Британската премиерка, Тереза Меј денеска во Берлин ќе се состане со германската ганцеларка, Ангела Меркел, а потоа и со францускиот претседател, Емануел Макрон во Париз, со кои ќе разговара за брегзитот.
Како што пренесе „Блумберг“, Тереза Меј се состанува со своите европски колеги ден пред клучниот самит во Брисел, каде ќе побара продолжување на рокот за излез на Веллика Британија од ЕУ.
Функционерите од ЕУ рекоа дека е малку веројатно оти блокот ќе стави вето на продолжување на рокот за брегзит, но дека постојат несогласувања околу тоа колкаво би требало да биде тоа одложување.