Иако многумина сметаат дека Ливерпул го добија можеби и најлесниот противник во четврт-финалето од Лигата на шампионите, Јирген Клоп не мисли така.
Откако минатата сезона во осмина-финалето Ливерпул славеше со 5:0, па потоа со 0:0 се пласираше во четврт-финалето, Клоп смета дека сега Порто ќе сака да се одмазди.
„Минатата година кога победивме со 5:0 помислив „во ред, не би требало да се враќаме овде некое време“, но ние повторно се соочуваме со нив. Тоа беше необичен натпревар, постигнавме два или три гола од контра-напади“, изјави Јирген Клоп и додаде:
„Сите го посакуваа Порто оваа година, но тие кои што малку го разбираат фудбалот не го посакуваа Порто. Ова ќе биде вистински натпревар од Лигата на шампионите“, изјави Јирген Клоп.