Бразилската војска соопшти дека уапси 10 војници осомничени дека поради погрешна информација пукале во автомобил во кој имало невино семејство, и притоа убиле едно и раниле две лица.
Според бразилската телевизија Глобо ТВ, војниците, под заблуда дека станува збор за автомобил на членови на банда кои претходно пукале во нив, во возилото истрелале десетици куршуми, изјавија официјални лица.
Припадниците на вооружените сили се обвинети за непочитување на правилата на службата, а нивниот случај ќе бидат кривично гонет од страна на воената правда, соопшти армијата.
Според „Ројтерс“, инцидентот во прв план ја истакна сè поголемата инволвираност на армијата во јавната безбедност во Бразил, каде што насилството на бандите во 2017 година доведе до рекорден број од 64.000 убиства.
Се вели дека во изминатите неколку години Бразил се потпира на војската која го презеде законот и редот од слабо обучени и финансиски слаби полициски сили.