3 начини за слабеење без броење на калории и гладување

Многу е важно во вашиот план да ги вклучите навиките кои не делуваат во директна врска со килограмите, но значително ќе придонесат за нивното исчезнување. Но, диетите не се се што треба да направите ако сакате да ја постигнете оваа цел.

Повеќе спиење

Дека спиењето влијае на намалување на телесната тежина сигурно звучи нереално, но тоа е вистинито. Без доволен квалитетен одмор, фитнесот и исхраната ќе дадат лоши резултати.

Студија објавена на крајот на 2016 година во магазин открива дека ако спиете помалку од пет ипол часа ноќе, тоа ќе влијае да внесете 385 калории повеќе во текот на следниот ден. Ова истражување покажало дека тие што лошо спијат имаат тенденција да јадат повеќе протеини и храна богата со празни калории.

Концентирарајте се на навиките, не само на резултатот

Поставете си јасна цел, што сакате да постигнете, колку килограми или кој обем, а потоа навистина размислете како и за кое време. Иамјте на ум дека идеално е да изгубите од три до пет килограми месечно.

План

И тогаш, направете план. Пристапете кон реализација, отстранете го шеќерот од исхраната, јадете протеини во секој оброк, оставете половината чинија секогаш да биде резервирана за свеж зеленчук… Вакво однесување е од суштинско значење. Резултатот нема да изостане ако бидете дисциплинирани.

Треба да знаете
Последни објави