Во САД околу 600 милиони птици умираат секоја година поради тоа што се залетале кон облакодер, јави „Си-ен-ен“.
Според истражувањето на Лабораторијата за орнитологија во Корнел, Чикаго, Хјустон и Далас, облакодерите се смртоносни за птиците.
Проблемот е посебно изразен во миграциската сезона на пролет и есен, кога милијарди птици патуваат помеѓу Канада и Латинска Америка и поминуваат низ САД.
Се проценува дека секоја година во САД, на овој начин, умираат повеќе од половина милијарди птици.
Птиците ги дезоријентираат светлината и рефлексијата, но може да ги збунат и цвеќињата на прозорците. Организацијата „Лајтс аут Њујорк“, апелира до жителите на високите згради и облакодерите да ги гаснат непотребните светла за време на миграциската сезона за да ги заштитат птиците и истовремено да го намалат трошокот на електричната енергија.