Новозеландски офицер обвинет за ставање скриена камера во бањата на амбасадата

Највисок службеник во амбасадата на Нов Зеланд во САД во 2017 година постави скриена камера во бањата што ја користеа мажи и жени, се наведува во обвинението.

Алфред Китинг, поранешен поморски комодор, се појави во окружниот суд во Оукленд во понеделникот. Ако биде прогласен за виновен, го чека затворска казна до една и пол година.

 

Според судските документи, уредот за снимање кој бил ставен во системот за греење во бањата на амбасадата во Вашингтон, беше откриен на 27 јули 2017 година кога случајно падна на подот. Во обвинението се наведува дека ДНК на Китинг одговара на ДНК пронајдена на СД-картичката на камерата.

Кога камерата беше откриена, Китинг беше највисокиот службеник во новозеландската амбасада, имаше имунитет и не можеше да му се суди во САД.

Алфред Китинг, кој веќе не е во служба на Кралската морнарица на Нов Зеланд, се изјасни дека не е виновен за обвиненијата. Неговиот адвокат Рон Менсфилд изјави за „Си-ен-ен“ дека нема да го коментира случајот за време на судењето.

Треба да знаете
Последни објави