Москва ќе ѝ помогне на Индија да произведе дополнителни серии од докажаните тенкови Т-90, објави руската владина агенција, по извештаите дека Њу Делхи ја разгледува можноста за набавка на речиси 500тенкови, пренесува РТ.
„Русија е подготвена да ја продолжи лиценцата [за склопување на Т-90] и да го зголеми производството на тенковите Т-90. Индиската влада одлучи да купи дополнителни тенкови за националните вооружени сили “, изјави за „Интерфакс” портпаролот на државното тело задолжено за тргување со оружје.
Во понеделникот беше објавена информација дека индискиот владин Комитет за безбедност (ЦЦС) одобрилдоговор вреден 1,93 милијарди долари за набавка на 464 тенкови Т-90МС. Во следните неколку месеци, министерствата за одбрана на Индија и Русија ќе потпишат релевантен договор.